среда, 18 април 2018 17:21 |
Во рамките на наставниот предмет Практична Настава со предметниот наставник Татјана Ралевска учениците од клас II-7 при СОУ "Добри Даскалов" - Кавадарци, на ден 16.04.2018 година ја посетија Осигурителната компанија "Евроинс" со експозитура на територијата на Општина Кавадарци. Агентот за осигурување Гордана Зимоска детално ги запозна учениците за дејствијата поврзани со патничкото осигурување, за осигурување на моторните возила, за осигурување од штети причинети од елементарни непогоди. Акцентот во нејзиниото излагање го стави на Европскиот записник кој е воведен пред 5 години за побрзо и поекономично надоместување на штетата причинета од сообраќајна незгода. Учениците знаењето го дополнија со разгледување на полиса за осигурување на моторно возило.

|
Повеќе...
|
|
вторник, 10 април 2018 09:57 |
Соработката на професорите со учениците не завршува откако тие ќе ги напуштат училишните клупи, па затоа на 10.04.2018 година по иницијатива на професорот по информатика м-р Зоран Милевски, за време на часовите по програмски јазици се одржа предавање на тема „Intro to Data Science “ за учениците од IV година - ПМА подрајче.
Предавањето се реализираше во соработка со наши поранешни ученици, сега студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженесрство – ФИНКИ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Душко Клинчаров и Горан Митров, сега студенти во трета година несебично ја прифатија поканата за одржување на еден заеднички час кој што имаше за цел да им овозможи на учениците од IV година - ПМА подрајче, да ги слушнат споделените исуства од гостите кои пред многу краток период биле матуранти.


|
Последно освежено на вторник, 10 април 2018 10:12 |
Повеќе...
|
петок, 06 април 2018 11:50 |
На 03.04.2018 год учениците од III год од гимназијата Добри Даскалов во рамките на активностите по предметот географија- изборен и географија за економисти кај проф. Фердинанд Чејков беа во посета на полициската станица во Кавадарци. Учениците во оваа тематска целина изучуваат за терцијарни дејности во кое припаѓа и сообракајот. На овој час самите ученици беа запознати со проблемите со зголемен број на возила, аерозагадување, употреба на сигурносен појас, забрана на користење на алкохол и мобилен додека управуваме моторно возило и сл. Голема благодарност до ПС Кавадарци.

|
Повеќе...
|
четврток, 05 април 2018 10:58 |
На ден 31.03.2018 година (сабота) во просториите на Универзитетот Св.„Климент Охридски“-Битола во Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола по трет пат се одржа финалниот настан од натпреварот CodeCup 2018- натпревар во програмирање на апликации наменет за средношколци од Република Македонија.

|
Повеќе...
|
среда, 28 март 2018 23:18 |
Факултетот за информатика на Универзитетот „Гоце Делчев“ успешно го организираше вториот Хакатон во периодот од 23 – 24 март. На Хакатонот учество земаа седум тима, од кои три од студенти на Факултетот за информатика и четири од средните училишта од Кочани, Крива Паланка, Штип и Кавадарци. Од нашето училиште учество земаа Страшо Наумов IV-1 клас, Виктор Кузманов IV-3 клас и Саво Трајков IV-3 клас. Учесниците на овој маратон по програмирање работеа два дена (23 и 24 март), на апликации на тема „Креативни решенија за здравството“, кои треба да им помогнат на здравствените работници во вршењето на нивната работа, а да им помогнат и на пациентите, на старите и изнемоштени лица, на децата со посебни потреби и сл.

|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Страница 1 од 102 |