Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home
Креативно катче


Мојот јазик - тоа сум јас PDF Печати Е-пошта
понеделник, 21 септември 2015 21:13

Кој си ти ако немаш свој јазик,

каде ќе се потпреш,

кому ќе се обратиш?

Го негуваш ли, го чуваш ли,

знаеш ли колку вреди тој?

 

Сврти се назад

погледни во корените на минатото

црна темнина, црна владеела

сите ги покрила

да не можеш да твориш и зборуваш

на јазикот свој

ти не би бил тој.

 

Вие наши сесловенски браќа

Кирил и Методи

го осветливте времето на незнаењето

азбука вие ни створивте,

патот во иднината

ни го отворивте.

 

Гордо ги изговорам имињата

Константин Миладонов, Кочо Рацин, Григор Прличев,

кои упорно, творејќи, ја продолжија

низата на македонските дела.

 

Во вашите текстови,песни во стих

Сè уште се чуствува вашиот глас тих.

 

За нас Македонците единствен,

за навек останува непроменлив

тој наш македонски јазик.

 

А, ти мало чедо,

учи го јазикот од твојот дедо,

бидејќи тој е многу вреден,

без него ти си никој и ништо,туѓинец беден.

 

Мојот јазик-моето семе

спомен од прадедовците и нивното време

дел од мојата душа, срце, моето јас.

Горда сум со него јас

и тоа ќе го кажам на цел глас!

 

Павлинка Ташева, I4

 

Последно освежено на вторник, 25 октомври 2016 22:38
 
Мојот град PDF Печати Е-пошта
вторник, 08 септември 2015 10:10

Тешки векови се судираат под нашите полиња,

судни маки, пролеани солзи, илјадници стравови.

Многу корење се пуштило, многу труд се вложило,

секое делче од нашето минато, само го цврсти темелот.

 

Низ горите и ширните падини на градот

ветрот се доловува како способен измамник.

Продира низ тајните калдрми, вее со својата милина,

шумоли тивко, а воедно гласно трепери во вистината.

 

Тука, овде, во нашето Кавадарци

срцето поразлично чука.

Утрото е бела мугра која ечи,

тој ек, тој блесок од милион светулки на нежност.

Секое парче од новото раѓање

е подвиг за уште едно зреење на успешен ден.

 

Кавадарци е поим за среќа.

Секоја градба, секој човек

што се доловува низ тајните одаи на кавдаречката чаршија,

се симболи на радост, што го темелат градот.

 

Тајната на совршеноста

се крие во виното и познатата тиквешка ракија.

Блокади кои кружат околу градот,

војници од илјадници гровчиња,

голем број лозници се дел од големите брикади.

 

Нема поубаво чувство од мигот

да се виде и да се открие свежината.

Животот е дар од бога,

а кавадарчани имаат поголема среќа од останатите,

дарувани се да живеат во свет,

свет од нежност, топлина и незаборавна љубов.

 

 Надица Туриманџова, I-4 

Последно освежено на вторник, 25 октомври 2016 22:39
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 2 од 2

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер