Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици. |
Сторија за пеперутките |
![]() |
![]() |
![]() |
На ден 06.12.2017 год.(среда) во кино-салата во гимназија„Добри Даскалов“ се одржа презентација на колекција од пеперутки и молци од ученикот Слободан Јовановиќ. Ученикот освои прва награда на натпреварот„Ноември-месец на науката“, на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Презентацијата опфати истражувачки карактеристики на голем број примероци кои се дел од неговата богата колекција од сите континенти на Земјата. Ученикот детално ја објасни анатомската градба,физиологијата, начинот на исхрана, размножувањето, метаморфозата на пеперутките и нивниот краток век на живеење. Презентацијата со внимание ја следеа ученици од I, II и III година.На поставените прашања Слободан даде сигурни и опширни одговори, а тоа е знак дека со голема љубов и ентузијазам овој ученик го направил своето истражување. Ова треба да биде пример и мотивација за сите ученици дека љубовта, упорноста, интересот, работата и желбата секогаш се проследени со успех. Сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за ова интересно хоби на Слободан, но и за симболиката на пеперутките можат да го погледнат видеото„Сторија за пеперутките“ на веб страната на училиштето.Видеото го изработија учениците од четврта година: Пепита Манџикоска, Тодор Димов, Драган Гогов и Ангела Китанова. |
Последно освежено на четврток, 21 декември 2017 12:37 |