Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
Трета работилница од проектот Интегрирање на електронското учење во училниците PDF Печати Е-пошта
сабота, 24 септември 2016 13:22

Во периодот од 05 до 09 септември 2016 година, СОУ Гимназија „Добри Даскалов”- Кавадарци, заедно со Техничкиот Универзитет од Софија, ГУЦ „Здравко Цветковски” од Скопје, Втората Јазична Гимназија од Софија, Гимназијата „Курт Николин” од Финспанг, Шведска, училишта – партнери и домаќинот - Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, учествуваше на третата работилница како дел од проект на програмата „Еразмус +”, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност: „Интегрирање на електронското учење во училниците”. Учесници од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци на оваа работилница беа: Благородна Лазова, наставник по информатика, Лоска Давчева, наставник по економски предмети, Мики Камчевски, наставник по историја, Христинка Косовска, наставник по класични јазици и Даница Пецова, наставник по хемија.

Отворањето на работилницата го започна професор Зоран Здравев, кој им посака добредојде на учесниците и даде кратко објаснување на работната агенда.

Првиот дел од презентацијата беше реализиран од Билјана Костуранова, која ги запозна сите учесници со убавините и знаменитостите на градот-домаќин на работилницата, Штип. Вториот дел од презентацијата го продолжи професор Зоран Здравев, давајќи вовед за поимното дефинирање, употребата и користа од отворените едукативни ресурси. Излагањето беше на англиски јазик, исто како и презентирањата во наредните денови, од причина што работната група беше од мешан состав.

20160908 113045

Професорот Здравев истакна дека користа од употребата на отворените едукативни ресурси е многу голема и поттикнува креативност, како кај наставниците, така и кај учениците. Со ОЕР наставните часови се збогатени со нагледни материјали, па наставните содржини се поразбирливи и појасни за учениците. При презентирањето, професор Здравев даде примери за тоа што сè може да се користи како отворен едукативен ресурс: видеа, електронски библиотеки, фотографии, разни видови на мултимедијални содржини, електронски збирки, апликации и програми. За примена на орворените едукативни ресурси неопходно е наставниците и учениците да располагаат со компјутерски вештини.

Вториот работен ден беше отворен со презентацијата на професор Александар Крстев на тема „Лиценци и авторски права-отворени едукативни ресурси“. Во презентацијата Крстев укажа на тоа дека ОЕР може да опфаќаат цели курсеви, модули тестови, софтвер и други материјали или техники што се користат за да го поддржат пристапот до знаењето. Преку лиценцирањето овие ресурси можат да бидат редиструбуирани и ревидирани, повторно користени и слично, без дозвола од сопственикот или плаќање. Во денешно време авторските права се интелектуална сопственост и не може да се користат без дозвола на сопственикот на материјалите, производот итн. Сепак, постојат организации кои нудат слободен пристап на податоци и информации без дозвола на сопственикот. Таквите податоци на информации можат да се користат за образовни цели. По презентирањето, работниот состанок продолжи со презентацијата на професор Игор Стојановиќ за користењето на веб алатките при употребата на ОЕР.

20160908 115048

Во својата презентација, предавачот Игор Стојановиќ претстави повеќе веб алатки кои би можеле да се користат во наставата. Овде би можело да се спомнат веб алатките за соработка (web 2.0 collaboration tools): VoiceThread, Wallwisher, Wikispaces, Google docs, Twiddla, Sync.in, Typewith.me, понатаму, OneNote in Education (OneNote Class Notebook, OneNote Staff Notebook), веб алатките за 3D проекции, обработка на слика, звук, видео, игри и квизови, споделување, социјални мрежи, блогови итн. Исто така, беа претставени и веб алатки за споделување како: SlideShare, Zoho Share, Scribd, Google docs, Evernote, Youtube, Flickr, Dropbox, 4shared, Pearltrees.

Третиот работен ден беше беше прикажана презентацијата на профeсор Кирил Барбареев, на тема: „Методолошки/дидактички пристап – предизвици при користењето на ИКТ во училниците”.

Во своето излагање, Барбареев се осврна на присутноста на компјутерите и Интернетот во образовниот процес денес, како и на односот помеѓу генерацијата наречена digital natives (родени во дигитално општество) и digital immigrants (имигранти во дигитално општество).

Студентите во последната декада претставуваат digital natives (жители на дигитално општество) поради поголемиот пристап до компјутери, видео игри, Интернет и останатата информатичка технологија поради што се јавува потреба за промена на досегашниот образовен систем. Затоа, денес важно е да се препознаат предизвиците во образованието за да се создадат современи наставници кои ќе бидат во функција на целокупниот епохален идентитет и структура на образовниот процес. Ова е со цел да се отфрлат застарените наставни методи при што образовниот процес може да биде во чекор со брзиот раст и ширење на дигиталната технологија.

14232598 10154547449343470 3301666552292403994 n

Во излагањето, Барбареев го истакна значењето на Жан Пијаже (од 1972), според кој процесот на учење не е само едноставнo прибирање на знаење, туку и активна реконструкција на мисли, односно да се разбере нешто претставува да се открие или реконструира со повторно откривање. Во продолжение, предавачот напомена за теоријата на конструктивизам – што треба наставниците да знаат. Оваа теорија поизразено се јавува со делата на Пијаже и Виготски, при што настануваат фундаментални идејни промени во восприемањето на образовниот процес.

Понатаму, предавачот зборуваше за односот помеѓу „know-how” со „do-how”, односно ако „know-how” е да се знае што треба да се направи за да се постигне некоја промена, „do-how” е да се направи потребното за да се постигне тоа. Оттука, „do-how” всушност, претставува претворање на знаењето во реалност.

Барбареев во своето излагање напомена и за концептот на наплив (flow), при што лицето во својата активност целосно се внесува со фокусираност и уживање во текот на целокупниот процес на исполнување на активноста, во целост го искористува својот потенцијал и се зголемува неговиот мотив и самосвест. Овој концепт го именува и развива Михаил Чиксентмихаил (Mihaly Csikszentmihalyi), унгарски психолог.

За да се постигне сето ова потребни се обуки на наставници, користење на дигиталната технологија во наставниот процес, создавање и интегрирање на отворени образовни ресурси во учењето и подучувањето, евалуација, достапност и перспективи со цел создавање на флексибилност во училницата.

Четвртиот работен ден, 8 септември 2016 година, од предавачите беше посветен на Денот на независноста на Република Македонија, преку излагања за тоа дека оваа година се навршуваат јубилејни 25 години од осамостојување на нашата земја, па за таа цел беа презентирани видеа на англиски јазик за убавините на Република Македонија. Потоа, работилницата продолжи со свечен ручек, организиран од домаќинот на работилницата, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Петтиот работен ден, започна со дискусија и заклучоци за постигнатите цели на третата работилница од овој проект, а водител беше професорот Зоран Здравев. Секое од училиштата-учесници на англиски јазик ги изнесе своите постигања во доменот на користењето на отворените едукативни ресурси во училница, даде критички осврт за неопходноста од нивно користење и придобивките што би се оствариле, кога би се користеле почесто. Исто така, секое училиште претстави слика за себе преку поседувањето или не, на електронска платформа за учење и искуства од нејзиното применување.

После ова, професорот Здравев даде упатства за тоа како секое училиште-партнер во Проектот да изработи свој Акционен план за примена на ОЕР во училница и тоа да го направи преку опфаќање на поголем број наставници, скенирање на постоечката состојба во училишата со компјутерска опрема, набавување нова, доколку има потреба итн. И нашето училиште на оваа работилница изработи таков Нацрт - Акционен план, според дадените упатства од професорот.

14183843 10154544812488470 6608941719291223948 n

По презентирањето на акционите планови од секое училиште, со сите учесници беше направен разглед на предавалните, компјутерските работилници и лабараториите во рамките на Универзитетот во кои студентите реализираат вежби, а во тие лабаратории се вршат и активности од комерцијален аспект.

Ова беше последен работен ден од третата работолница како дел од проект на програмата „Еразмус +”, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност: „Интегрирање на електронското учење во училниците”. Впечатоците се добри и работилницата може да се оцени како успешна. Главната тема од работилницата која провејуваше преку сите работни денови беше: да се споделува, да се соработува, да се разменуваат материјали и искуства, за да се стане побогат со знаење... и, во крајна линија наставата да стане подинамична и поинтересна за учениците!

Последно освежено на сабота, 24 септември 2016 13:37
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер