Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home Настава iOERc.mk - Erasmus+
Презентација за реализираните работилници од програмата Erasmus+ PDF Печати Е-пошта
среда, 30 март 2016 15:30

Гимназијатa Добри Даскалов  како партнер на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев" од оваа учебна година започна со реализирање на проектотот „Интегрирање на електронското учење во училниците", кој го доби преку програмата Еразмус+.

Досега се реализирани две работилници на кои учествуваа професори од нашето училиште, па затоа на 29 март 2016 година во просториите на гимназијата се одржа презентација подготвена за реализираните работилници во Република Бугарија и Шведска, на тема: „Integrating E-Learning and Open Educational Resources into Classroom“-iOERc („Интегрирање на електронското учење во училниците“) од програмата на Erasmus+.

IMG 7074

На почетокот директорката на гиманзијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова им се заблaгодари на присутните наставници и ученици за нивното присуство и ги запозна за почетокот на проектот, целите на истиот и досегашните активности кои што се реализираа.

Заедно со партнерите од проектот: Штипскиот универзитет „Гоце Делчев", Техничкиот универзитет од Софија, Градежниот училишен центар „Здравко Цветковски" од Скопје, Втората јазична гимназија во Софија и гимназијата „Курт Николин" од Шведска досега се одржаа две работилнци на кои учество земаа сите партнери со по пет професори. Првата работилница се одржа во периодот од 30 ноември до 4 декември 2015 година во просториите на Техничкиот факултет во Софија, Р. Бугарија, додека втората работилница се одржа во периодот од 14 со 21 март 2016 година во градот Финспанг, Шведска.

IMG 7093

Пред присутнiте професорот по економски предмети Костадинчо Петров ги запозна присутните за начинот на претставување на нашето училиште на првата работилница во Бугарија и за нивото на кое што нашата гимназија ги следи новитетите и трендовите на е-учење во училниците. Професорот по историја Мики Камчевски ја презентираше изготвената анализа од проектот за моменталната имплементација на е-учење во наставата во партнерските училишта. Според оваа анализа која што може да се погледни на официјалниот сајт на нашето училиште може да се констатира дека гиманзија Добри Даскалов успешно имплементира е-учење со системот Moodle кој што активно се користи во наставата уште од 2011 година.

IMG 7080

IMG 7091

Потоа професорот по информатика м-р Зоран Милевски презентираше за посетата на две средни училишта во Финспанг и Стокхолм – Шведска, за начинот на кои тие ја изведуваат наставата и техниките кои ги применуваат во образовниот процес. Професорката по економски предмети Лоска Давчева ги запозна присутните за активностите кои што се реализираа на втората работилница во Шведска. На крајот од презентацијата професорката по информатика Благородна Лазова им ги претстави и убавните кои што ги нуди Шведска, земјата домаќин на втората работилница.

IMG 7106

IMG 7119

IMG 7136

Проектот продолжува да се реализира и во следниот период со уште две работилници кои ќе се реализираат во Штип – Македонија и Софија – Бугарија.

На следниот линк можете да ја погледнете презентацијата за реализираните работилници од програмата Erasmus+.

Последно освежено на среда, 30 март 2016 15:52
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер