Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
Започна реализацијата на Еразмус+ проектот Електронско учење во училниците со прва работилница во Софија – Р. Бугарија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
петок, 11 декември 2015 12:47

Во периодот од 30 ноември до 4 декември 2015 година во просториите на Техническиот факултет во Софија, Р. Бугарија се одржа првата работилница од Еразмус+ проектот Integrating E-Learning and Open Educational Resources into Classroom (iOERc) во кој учествува нашата гимназија заедно со уште пет партнери: Универзтитет Гоце Делчев од Штип, Техничкиот универзитет од Софија, Градежниот училишен центар „Здравко Цветковски" од Скопје, Втората јазична гимназија во Софија и гимназијата Курт Николин од Шведска.

На оваа работилница учество земаа по пет учесници од секој од партнерите, односно вкупно 30 учесници. Од нашата гимназија учество зедоа директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова, м-р Зоран Милевски проф. по информатика, Благородна Лазова – проф. по информатика, Костадинчо Петров – проф. по економски предмети и Мики Камчевски – проф. по историја.

2015-12-01 10.58.01

Секој од учесниците презентираше анализа за моменталното ниво на имплементација на ИКТ во своето училиште/универзитет. На тој начин секој од партнерите се запозна со начинот на работа на своите партнери со што понатаму ќе може да се креираат препораки и споделување на искуства во насока на успешна десиминација на добри практики со што бенефит ќе добијат професорите и учениците.

2015-12-02 14.11.16

2015-12-02 11.03.32

На првата работилница, од вкупно четири, домаќин беше Техническиот факултет во Софија. За времетраењето на оваа работна средба сите учесници имаа можност да ја посетат втората јазична гимназија Томас Џеферсон и да присуствуваат на настава по предметите математика, биологија и хемија, каде што наставата се изведува на англиски јазик.

3

4

2015-12-04 11.10.40

Проектот ќе се реализира во следните две години со што се очекува да се зголеми знаењето и примената во користење на информатичките технологии во наставата, преку примена на електронското учење и креирање на дигитални содржини во форма на онлајн отворени образовни ресурси.

Официјалниот веб сајт на проектот е www.ioerc.mk каде може да се најдат повеќе информации околу неговата имплементација.

Последно освежено на сабота, 19 декември 2015 11:31
 

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер