Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home Настава iOERc.mk - Erasmus+
Електронско учење во училниците - Erasmus+ проект на гимназијата PDF Печати Е-пошта
вторник, 22 септември 2015 18:45

СОУ Гимназија Добри Даскалов  како партнер на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев" започнуваат со проектотот „Интегрирање на електронското учење во училниците", кој го доби преку Еразмус плус програмата.

Партнери им се: Техничкиот универзитет од Софија, Градежниот училишен центар „Здравко Цветковски" од Скопје, Втората јазична гимназија во Софија и гимназијата „Курт Николин" од Шведска.

Целта е да се зголеми знаењето на вработените во средните училишта во користењето на информатичките технологии во наставата, преку примена на електронското учење и креирање на дигитални содржини во форма на онлајн отворени образовни ресурси.

На првата средба на 17.09.2015 година во Штип присуствуваа координаторите и асистентите од сите партнерски образовни институции. Од нашето училиште присуствуваа Директорката Г-ѓа Невенка Поп-Ангелова и професорот по информатика м-р Зоран Милевски. Нивните очекувања се да се направи подобра соработка, развој, размена на искуства, зголемување на компетенциите за примена на ИКТ во наставата.

 

Исто така  со овој проект  ќе развиеме и отворени едукативни ресурси во облик на презентации, мултимедија, филмови, фотографии и текстови се што може да се примени за одреден број на предмети, кои се исти за сите. – рече Доцент д-р Зоран Здравев, професор по информатика на Штипскиот универзитет и раководител на одделението за е-учење, кој е главниот иницијатор и координатор на проектот.

IMG 0403

Во рамките на проектот од Еразмус програмата предвидени се четири обуки, преку кои наставниците од средните училишта, кои се партнери во проектот, ќе се обучат за користење на Информатичко комуникациските технологии во рамките на наставните програми, а училиштата ќе добијат напредна наставна методологија, со што на учениците ќе им биде полесно електронското учење, а студентите ќе можат да користат лекции кои ќе бидат посовремени и полесни за користење. Проектот „Интегрирање на електронското учење во училниците" ќе трае 30 месеца, а буџетот му изнесува 202.000 евра.

IMG 0426

Последно освежено на петок, 25 септември 2015 19:15
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер