Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци
Презентирани резултати од проектот „Читај и меѓу редови“ PDF Печати Е-пошта
четврток, 18 април 2019 08:37

По шестмесечно реализирање на проектни активности од медиумска писменост, беше одржана завршна работилница на проектот „Читај и меѓу редови“ организирана од Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес. Пред стотина ученици од Гимназиите во Велес и во Кавадарци, професори, директори, претставници на Граѓански здруженија и донатори, беа презентирани постигнатите резултати од проектот. Фондација Фокус ја исполни целта, помагајќи да се зголеми свеста кај младите за медиумска писменост и критички став. Преку проектот учениците се едуцираа за тоа што е вистинита а што лажна вест. Се запознаа со процесот на новинарската работа, излегоа на терен, снимаа, фотографираа, пишуваа и станаа дел од големото друштво на граѓански новинари. Учениците се интересираа за теми блиски на нивната возраст, но покажаа интерес и за секојдневните проблеми со кои се соочуваат нивните сограѓани, посакаа што поскоро позитивни промени за сите.

Учениците од Гимназијата Добри Даскалов Кавадарци подготвија осум видео стории за актуелни проблеми во градот кои ке се емитуваат на КТВ телевизија која е медиумски покровител на проектот.На завршната манифестација беа презентирани пред присутните и се дебатираше на тема „Читај ја вистината-оттргни се од лагата“. Учениците учесници во проектот добија и флаери со препораки да внимаваат и да проверуваат што читаат и каде читаат какви било информации и да не дозволуваат да бидат изманипулирани.

1

Повеќе...
 
Образовна манифестација „Образовно рандеву 2019” PDF Печати Е-пошта
понеделник, 15 април 2019 21:09

Образовната манифестацијата „Образовно рандеву 2019”, се одржа на 12 и 13 Април 2019 година во ОСУ „Мирко Милески” - Кичево. СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку економско-правна и трговската струка, учествуваше на оваа образовна манифестација со вкупно 33 ученици и 9 наставници-ментори: Давчева Лоска, Иванова Душанка, Станоевска Љубица, Лазова Благородна, Ризова Јасминка, Коцева Богде, Велков Ѓорѓи, Клинчаров Блашко и Тимче Пецов, во следните категории: интервју за работа, јавно говорење, модна ревија, пинг-понг, баскет, серва, најдобра видео реклама, најдобра фотографија и најдобар филм.

Во категоријата „Модна ревија” ученичките Ивона Тасева, Спасијка Димова, Сара Ристова, Мирјана Трипунова, Благица Темелкова, Ружица Димитрова и Наталија Палитова, под менторство на професорката Јасминка Ризова, освоија петто место.

Во сите категории, учениците остварија солидни резултати и притоа покажаа тимска работа, самодоверба, креативност, самоиницијативност, лидерски способности, организациски и комуникациски вештини, спортски дух... Преку овие вештини, учениците се оспособуваат за живот и работа.

57044318 431665064259499 9041677328047931392 n

Последно освежено на понеделник, 15 април 2019 21:21
Повеќе...
 
Дисеминација за професорите од Еразмус+ проектот DigiTeachEUrope PDF Печати Е-пошта
вторник, 09 април 2019 14:57

На 9 април 2019 год. (вторник) во кабинетот по информатика во нашето училиште се реализираше дисеминација за за професорите од Еразмус+ проектот DigiTeachEUrope, Развивање дигитални средини за учење за училиштата во Европа - Developing digital learning environments for schools in Europe. Работилницата ја одржаа Христинка Косовска, проф. по латински јазик, Благородна Лазова, проф. по информатика и м-р Зоран Милевски, проф. по информатика.

На оваа работилница беа пренесени и презентирани методите, алатките и техниките кои што беа споделени за време на размената на професори во Полска во периодот од 25 до 30 март 2019 год., како дел од стратегиското партнерство од проектот.

Беа претставени т.н. „Escape Room“ во образованието, Модерна училница, ИКТ алатки за модернизирање на часот и поттикнување на активноста кај учениците за време на часот.

Photo 4-9-19 12 22 16-min

Photo 4-9-19 12 21 09-min

Повеќе...
 
Дебата на тема “Европска Унија” со евроамбасадорот Самуел Жбогар PDF Печати Е-пошта
недела, 14 април 2019 21:43

На 10.04.2019г. во Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци,во организација на Младинскиот образовен форум се одржа дебата на тема Европска Унија на која учествуваше евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Учениците со воодушевување го прифатија овој предизвик да дискутираат, да ги изнесат своите размислувања за Европската унија, бенефитот од членството во неа, но и да постават прашања до евроамбасадорот Жбогар за сите нешта кои ги интересираат поврзани со ЕУ.
Се разговараше за најразлични теми од економија, екологија, образование и здравство. Амбасадорот го прими и директорката на Гимназијата Невенка Поп Ангелова со која дискутираа за актуелните состојби во образованието, за нови проекти и секако за подобрување и унапредување на образовниот процес.

На крајот евроамбасадорот Жбогар се заблагодари на приемот и го изрази своето задоволство од големиот интерес на учениците,но и од прашањата кои ги упатија, а со кои беа опфатени сите сфери од живеењето. Ова беше успешна дебата на актуелна тема со која учениците разрешија голем број дилеми ,го збогатија своето знаење кое секако ке им помогне да изградат свој став,но и да се издигнат во вистински личности кои секогаш ке се залагаат за подобар живот и посветла иднина за сите.

56641420 2333289483399702 7576605168100179968 o

57227767 2333291343399516 8550278579135447040 o

Последно освежено на четврток, 18 април 2019 08:37
Повеќе...
 
Одржан регионален натпревар по германски јазик PDF Печати Е-пошта
среда, 10 април 2019 07:17

На 06.04.2019 год.(сабота) со почеток во 10.00 ч. во просториите на СОУГ„Мирче Ацев“- Прилеп -се одржа регионален натпревар по германски јазик за учениците од прва и трета година од средните, во рамките на Олимпијадата по германски јазик во Република Македонија.

Право на учество имаа ученици кои посетуваат прва и трета година, кои немаат родител кој е мајчин говорител на германски јазик и немале постојан престој во земјите од германско јазично подрачје повеќе од шест месеци.

Од нашето училиште, пријавувањето го направи професорот по германски јазик Васка Таневска, кој воедно беше и ментор на учениците од прва и трета година.

На денот на одржувањето на регионалниот натпревар, учениците во категоријата на ученици од прва година Стоимчев Живко од I-4 и Темелкова Михаела од I-4, го освоија првото и второто место, а во категоријата на трета година ученичката Ѓорѓиева Марија од III-3 го освои првото место. Учениците беа упатени на натамошно натпреварување во рамките на државниот натпревар по германски јазик, кој ќе се одржи во Скопје. Учениците се здобија со дипломи за I (прво) место- Стоимчев Живко од I-4 , Ѓорѓиева Марија од III-3, и II (второ) место- Темелкова Михаела од I-5, а менторот со пофалница за учество и успешно менторство во рамките на регионалниот натпревар по германски јазик.

Regionalen-germanski

Последно освежено на среда, 10 април 2019 07:21
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 119

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер