Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Предавање и учество на првиот македонски Moodle Moot PDF Печати Е-пошта
петок, 08 јуни 2018 12:02

Осмиот регионален (западнобалкански) и прв македонски Moodle Moot се одржа на 1 и 2 јуни 2018 година во Бизнис Академија Смилевски во Битола.

Нашето училиште активно го користи системот за е-учење Мудл уште од 2010 година и затоа имаше чест да учествува на овој настан.

Организатор на првиот македонски Moodle Moot е Здружението МУДЛ Македонија (http://moodle.mk) каде што еден од основачите е м-р Зоран Милевски, проф. по информатика. На конференцијата тој имаше свое предавање на тема: Искуство во користење на е-учење Moodle во образовниот процес и можност за менаџирање со едукативни аналитики.

0012 30

0021 3

Повеќе...
 
Учество на Извиднички караван PDF Печати Е-пошта
вторник, 05 јуни 2018 19:37

На ден 04.06.2018 ученици од СОУ Гимназија "Добри Даскалов" - Кавадарци присуствуваа на Извиднички караван кој се оддржа во рамките на Сојузот на извидници на Македонија кој функционира во сите региони на државата и обединува повеќе од 2000 млади. Нашите ученици во присуство на професорите Александар Јорданов, Елизабета Бошкова, Татјана Ралевска и Жанета Делова ги следеа активностите од делот на Стреличарство, Чаталарство, Изучување на јазли, Подготовки на извиднички десерти, Подигање на мини извиднички логори, Извидничка игра и Дефинирање на скриени пораки. Учениците беа воодушевени како од самите активности, така и од пријатниот амбиент во природа што го нуди "Градскиот парк" - Кавадарци

Photo 6-5-18 14 21 17

Photo 6-5-18 14 21 14

Последно освежено на вторник, 05 јуни 2018 19:41
 
Државен натпревар по биологија PDF Печати Е-пошта
среда, 30 мај 2018 21:10

На Државниот натпревар по биологија кој се одржа на ПМФ  - Институт по биологија - Скопје, на ден 19.05.2018 год. учестуваа ученици од нашето училиште и ги постигнаа следните резултати:

Слободан Јовановиќ од I год. освои II место, Тодорка Тодорова од I год. освои III место, Мартин Гогов од I год. освои III место, Александра Кадрова од III год. пофалница, Елена Спирова од II год. пофалница, под менторство на проф. Елизабета Иговска.

Им се заблагодаруваме за несебичното залагање и учество на натпреварите и им посакуваме успеси и понатаму.

Photo 5-28-18 11 26 18 1

Photo 5-28-18 11 26 16

 
Републичко првенство во карате - кати PDF Печати Е-пошта
вторник, 29 мај 2018 08:42

На 18.05.2018 год. (петок) во Велес се одржа Републичко првенство во карате - кати. Од нашето училиште учествуваше Владанка Аврамова I-4, под менторство на проф. Блашко Клинчаров, и освои I место во конкуренција на ученици од сите средни училишта од Македонија.

Naptrevar-Baki 5-22-18

Последно освежено на вторник, 29 мај 2018 08:48
 
Гостување на наш поранешен ученик, денес студент во Абу Даби PDF Печати Е-пошта
недела, 20 мај 2018 19:02

Ѓорѓи Шемов е поранешен ученик во Гимназија „Добри Даскалов”, каде што ги заврши првите две години од средното образование. Истото го продолжи во “II. gimnazija Maribor” во Марибор, Словенија, каде што ја изучуваше програмата за меѓународна матура. Денес студира на New York University Abu Dhabi во Абу Даби, ОАЕ.

На 17.05.2018 год. во просториите на гимназијата Ѓорѓи им презентираше на учениците од трета година за своето досегашно искуство од стидирањето во странство, како стигнал до таму, и кои се предностите за студирање надвор од Македонија. Учениците имаа шанса да се запознаат со процесот на аплицирање на универзитети во Америка и Европа, притоа запазувајќи одредени рокови, полагање на соодветни тестови, и типови на апликација. Оваа презентација ќе им послужи на учениците полесно да го изберат и аплицираат универзитетот на којшто би сакале да студираат во случај да се одлучат за студирање надвор од Македонија.

Photo 5-17-18 10 45 48

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 104

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер